2013-05-19 Сите сме воспитувани да рециклираме хартија за да се спасат дрвјата. Добиваме безброј и-мејл предупредувања: „Ве молиме, водете сметка за животната средина пред печатењето“. Навистина, екологијата беше создадена со повик да се зачуваат шумите. Но, сега, во името на спасување на планетата од климатските промени, еколозите предлагаат огромна глобална кампања да се сечат и запалат дрвја и грмушки со цел да се намали употребата на фосилни горива.